Веќе два месеци Управата за водење на матичните книги нема овластен потписник, објави Вечер.
Наскоро може да престане издавањето на на изводите од матичните книги на родените, умрените и венчаните, зашто обрасците на кои се печатат се при крај, алармираат вработени во Управата за водење матични книги. Нова набавка не може да се направи,а над 500 вработени се без плата, бидејќи оваа институција нема директор.
Вработените велат дека се трудат да се избегнат најстрашните последици, но ниту еден од шефовите не сака да ризикува и да направи набавка за која нема овластување, па апелираат до надлежните што поскоро да постават директор. Зашто, ако навистина се случи да не може да се издаваат изводите од матичните книги, тогаш ќе се закончат оставинските, судските и извршните постапки за чие водење тие документи се неопходни.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, за весникот информирал дека ситуацијата во матичната Управа наскоро ќе добие разрешница.
– Ќе има решение за ситуацијата наскоро, во интерес на вработените и постапките ќе се откочат, напишал тој во СМС-порака. Тој истото го изјавил и пред речиси еден месец, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст