Транспортерите на „Фени“ денес не излегоа на најавениот штрајк преку кој бараат целосна исплата на долгот од закупецот на фабриката. Тие се заканија дека ќе го спречат секој обид на закупецот за превоз на руда за комбинатот кој се подготвува за рестартирање на производството и за денес најавија блокада на патот Прилеп – Градско кај мотелот „Дреново“, блокада на влезот на фабриката и блокада на железничката пруга кај Росоман. Трајче Пеовски, претседател на Здружението на транспортери „Кипер“ вели дека штрајкот е ставен во мирување.
„Денес не излеговме на блокади поради снегот. Штрајкот ќе биде во мирување до среда, а од четврток ако нема нов договор, продолжуваме со блокадите. Во среда вечер ќе имаме состанок и ќе одлучиме на кој начин ќе штрајкуваме “, изјави за „Макфакс“ претседателот Пеовски.
Тие денес добија уште еден предлог од швајцарската компанија ГСОЛ, закупец на „Фени“ за отплата на долгот.
„ Еуроникел Дооел Скопје, претставништво на ГСОЛ е подготвен да покрие 2 милиони евра од вкупните побарувања на транспортерите кон Нова Логистика и веднаш да ги ангажира за тековните транспортни потреби на фабриката, а останатите 1.1 милион евра ќе се исплатат во рок од 12 месеци по завршување на стечајната постапка. Во однос на цените на превозот, истите ќе бидат согласно стандардните на релација Кавадарци – Солун, што ги плаќаат кавадаречките фирми, а роковите на плаќање на 15 дена“, известија од ГСОЛ.
Овој предлог го дале откако минатата недела пропадна договорот за откуп на опрема и руда од „Нова логистик“, фирмата која ги ангажира транспортерите за превоз на руда за „Фени“. Утврдено било дека опремата не е нивна сопственост, а покренато е и барање за стечај на фирмата.
„Еуроникел“ денес ги повика транспортерите да потпишат спогодба за отплата на долгот, нотие остануваат на барањето за целосна отплата на долгот.
„И овој прелог за нас е неприфатлив. Ние бараме целосна исплата на долгот и остануваме на тоа барање“, вели Пеовски.
Во однос на забелешките дека бараат пари од фирма која не им должи и оти долговите треба да им ги исплати сопственикот на фабриката кој ќе се бара низ стечајната постапка со реструктуирање, транспортерите велат дека во „Фени“ место закупец треба да влезе сопственик и порачуваат стечајниот судија, доверителите и банките да најдат сопственик на фабриката.
Фабриката доби закупец по отворањето на стечајната постапка со цел во најкус можен рок да продолжи производството кое престана во септември лани, а со тоа да престане и таложењето на долгови кои до стечајот ги плаќаа банките. Закупецот доби обврска да ги покрива трошоците за фабриката и за платите на вработените додека трае стечајната постапка низ која се бара сопственик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст