| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно управување со возлилата на снег, порачуваат од РСБСП

Внимателно и безбедно управување со автомобилите и приспособена брзина на условите на патот порачуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за возење на снег.

– Возењето по снег, замрзнати патишта и силен ветер и проблемите и ризиците со управувањето на возилото и застанувањето на лизгав пат, ќе се сведат на минимум доколу се почитуваат пораките и советите од искусните возачи, наведуваат од РСБСП.

Според нив, прво и основно правило за возење по снег е внимателност. – Сите промени, без разлика дали е во прашање промена на правец или на брзината, потребно е да се прават внимателно, без брзање и со големо чувство, бидејќи наглите промени можат да доведат до губење на контролата над возилото, советуваат од РСБСП.

Во текот на тргнувањето нивнито совет е да се отстрани снегот пред автомобилот и гумите, особено возачите кои немаат доволно искуство.

– Во услови на снег и мраз потребно е да се даде гас, но педалата за менување на брзина треба да се испушта многу поспоро и повнимателно отколку што тоа се прави на сува површина, и на тој начин погонските тркала во целост би ја зафатиле лизгавата подлога и би можеле да го придвижите автомобилот, наведуваат во соопштението.

За возење по лизгав пат, посочуваат, се применуваат други техники за разлика од управување на возилото по суви површини. – Во пракса може да се почуствува дека малку поголема брзина доведува до изненадно лизгање на погонските тркала. Доколку се најдете во таква ситуација единствена помош е да ја намалите брзината, никако нагло, туку полека и внимателно тргнете ја ногата од педалата за гас. Сопирачките треба да се користат само во неопходни ситуации, внимателно и постепено, се истакнува во соопштението.

Советуваат дека при менување на брзината, педалата на гас потребно е да се испушта многу внимателно (наглото испуштање може да го пролизга автомобилот), педалата за кумплуг да се притиска нежно, да се смени брзината, полека да се испушти педалата за кумплуг и истовремено да се додаде гас, но многу малку гас, значително помалку отколку што тоа го правите на сув пат.

На возачите им порачуваат дека при возење во кривина во случај на поголема брзина во кривина, автомобилот по правило се обидува да го задржи правецот на движење и затоа треба да се тргне ногата од педалата за гас и на тој начин се дозволува предните гуми да престанат со лизгање.

Според нив, најголема грешка кај повеќето возачи е што во такви ситуации уште посилно го вртат управувачот во кривината и панично притискаат на кочницата, а всушност треба да се прави спротивното.

Кочењето, посочуваат, е довозолено само во крајни и безизлени ситуации, а во случај автомобилот да се движи право во кривина, додатното вртење на гумите може уште повеќе да ги блокира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top