| четврток, 6 декември 2018 |

Шест лица повредени во сообраќајка во Скопје

Од МВР информираат дека вчера во 17:55 часот на улицата „Лука Геров“ во Скопје се случил судир помеѓу патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (60) од скопското село Орман и патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К. (49) од Скопје.

Шест лица од кои три потешко се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 17:55 часот на надвозникот во скопската населба Даме Груев. Од МВР информираат дека вчера во 17:55 часот на улицата „Лука Геров“ во Скопје се случил судир помеѓу патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (60) од скопското село Орман и патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К. (49) од Скопје.

По судирот, возачите Д.Т. и К.К. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани на лекување. Сопатникот од возилото „Опел астра“- А.Т. бил пренесен во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување, се наведува во полицискиот билтен.

Со телесни повреди во сообраќајката се здобиле и педесет и шестгодишниот Б.Т. и 10-годишно дете кои биле сопатници во возилото „Опел астра“, како и 15-годишна сопатничка во возилото „Хјундаи“. По укажаната помош во Градската општа болница „8 Септември“, тие биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top