| четврток, 6 декември 2018 |

Се лизнала и паднала на глава во соблекувалната: Една од најубавите тенисерки на светот доби 20 милиони долари на суд

Канадската тенисерка, Јуџин Бушар ја доби тужбата против Тениската федерација на САД за несреќата која и се случи за време на одржувањето на отвореното првенство на САД во 2015 година. Поротата во петокот процени дека 75 отсто од вината за повредата на Канаѓанката е на Тениската федерација на САД, а денеска судот соопшти дека Бушар треба да добие 20 милиони долари.

Сумата која Бушар ќе ја добие е неколку пати поголема од она што таа го има заработено од тенисот во целата своја кариера.

– Се чувствувам слободно, рекла една од најатрактивните тенисерки на денешницата откако судот објави колку пари треба да и бидат исплатени.

За потсетување, Бушар поднесе тужба против Тениската федерација на САД поради повредата со која се здоби на Грен слем урнирот во Њујорк.

Канаѓанката се лизнала во соблекувалната удрила со главата во подот и добила потрес на мозокот. Наводно подот бил воден, поради што таа се лизнала и паднала, а исто така таа ја оштетила и кошата поради хемикалиите кои биле користени за чистење на подот.

Бушар поради повредата потоа го заврши настапот во Њујорк во 2015 година. Канаѓанката, некогаш финалистка на Вимблдон и петта на ВТА листата, сега се наоѓа на 121. место во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top