| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Тука сме за да ве казниме за оваа планетарна неправда, беда од недостоинство и национален срам

Професорката Тања каракамишева – Јовановска на својот Фејсбук профил гневно ја коментира актуелната политичка состојба и упати порака до актуелната власт.

Едно да си знаете, едно да ви е јасно вам од власта:

1. Ако насилно, без наша волја ни го смените името, идентитетот, јазикот, историјата и се што е Македонско со некаква бесмислена и за нас неважечка спогодба договорена далеку од очите на граѓаните, бидете подготвени за ДОЛГА И МАЧНА СУДСКА ПОСТАПКА НА СВЕТСКО НИВО ВО КОЈА НЕМА ДА ВЕ СПАСУВААТ НИ ЕУ НИ СВЕТИ-ЕУ,
2. Тие што ве љуљаат сега само за да не избришете од картата на живите народи, кога ќе го сторите тоа, ќе ве помножат со нула, нема да ве познаваат веќе бидејќи нема да им бидете потребни, а непотребните во светската политика се фрлаат на првата кривина. Тие ќе ве фрлат ама затоа на ред ќе дојдеме ние кои ќе ве влечкаме по белосветски рочишта додека сме живи, и додека не ја исправиме оваа планетарна неправда, беда од недостоинство и национален срам,
3. Се што избришавте, се што кукавички тргнавте, се што допрва ќе избришете и ќе поганите, се што ќе срушите и уништите ЕДЕН ДЕН ЌЕ БИДЕ ВРАТЕНО НАЗАД, ТАМУ КАДЕ ШТО МУ Е МЕСТОТО, ТАМУ КАДЕ ШТО МУ ПРИПАЃА, НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top