Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став, да не поддржи договор за името со вклучен термин Македонија. Оваа позиција, уште еднаш ја повтори портпаролката на партијата, Мадалена Пападопулу во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописникот на МИА од Атина.
– Во однос на прашањето со Скопје, Независни Грци во никој случај, нема да гласа за решение што ќе го вклучува името „Македонија“ или изведените зборови во името на соседната држава. А причината е дека употребата на името „Македонија“ од Скопје го поттикнува нивниот иредентизам. Од друга страна се чини дека е многу тешко, па дури и неизводливо, скопскиот премиер господинот Заев да ги убеди заедниците што ја сочинуваат државата дека треба да има промена на името и Уставот, вели Пападопулу во интервјуто за АНА-МПА.
Портпаролката на Независни Грци додава дека Атина не е страната што брза за постигнување решение, а „Скопје и Албанија треба да сфатат дека Грција е клучната земја за нивна европска перспектива“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст