| четврток, 6 декември 2018 |

На улиците на Водно фрлени два тона сол

Во вечерните часови зимската служба ги чисти улиците од снегот на делот на Водно, информираат од општина Центар. Оттаму додаваат дека досега се исчистени улиците Загребска, Ганчо Хаџи Панѕов, Караорман, Капиштец и Питу Гули, а се чистат и улиците на Долно Водно и Водно.

„Се чисти со 3 машини и до сега се фрлени 2 тони сол. Службите ќе работат во текот на ноќта, а жителите на општина Центар можат да се јават на телефон 076 313 381 за да пријават доколку има проблем со снегот“, информираат од општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top