| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан: Среќен сум поради потегот на Роналдо, на Бензема многу му значи

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан по убедливата победа над Алавес (4:0) изјави дека неговиот тим мора да продолжи во тој ритам, а посебно беше задоволен од гестот на Роналдо кој му дозволи на Бензема да го шутира пеналот.

Французинот го реализира пеналот и по подолго време во стрелците истовремено се запишаа Кристијано Роналдо и Герет Бејл и Карим Бензема.

– Триото Би Би Си (Бензема, Бејл, Кристијано) е секогаш присутно. Единствено нешто што сакаме е да се биде на 100 отсто од своите можности, како денес. Јас сум многу среќен за потегот на Роналдо. Гестот беше тимски. Бензема е заслужено реализира, играше многу добро, изјави Зидан по натпреварот.

„Кралскиот клуб“ по лошите резултати се враќа во добра форма. Веќе има четири победи по ред во Примера и сега е на третото место со 51 бод. Во следната рунда Реал ќе гостува на Еспањол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top