| четврток, 6 декември 2018 |

Пахор со најголема, Вучиќ со најмала плата во регионот

Според најновите официјални податоци, највисока месечна плата во регионот има претседателот на Словенија, Борут Пахор, 3.332 евра.

Повеќе од 3.000 евра е месечната плата на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина. Грабар-Китаровиќ има нето плата од близу 3276 евра, додека членовите на Претседателството на БиХ заработуваат во просек 3,091 евра, пишува Ал џезира.

Српскиот претседател има тројно пониска плата од хрватските и босански колеги: Александар Вучиќ добива 1.083 евра месечно, што е најниска претседателска плата во регионот.

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ заработува 2.423 евра месечно, косовскиот претседател Хашим Тачи – 2.873 евра.

Помалку од 2.000 евра месечно се платите на албанскиот претседател Илир Мета, 1.425 и македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој прима 1.250 евра.

Ако се споредат претседателските плати со просечната плата во регионот, апсолутни рекордери се претседателот на Косово и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top