| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката на Брнабиќ главна „фаца“ на црвениот тепих (фото)

Синоќа во Белград беше отворањето на Меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ, а на црвениот тепих зачекори и српската премиерка Ана Брнабиќ во друштво на својата партнерка.

Таа на црвениот тепих се појави со Милица Ѓурѓиќ, која го привлече вниманието на новинарите со својот стил.

Докторката носеше жолт капут со живописни бои, додека премиерката беше облечена со сомотско палто и пантолони.

Докторката Ѓурѓиќ со својот излед ги засени сите актери кои продефилираа на црвениот тепих во Белград.

Инаку, македонскиот режисер Милчо Манчевски е годинешен претседател на жирито на ФЕСТ. Неговиот најнов филм „Бикини Мун“ во Белград ќе има европската премиера, а на ФЕСТ се прикажува надвор од конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top