Сузана Анова, државна советничка во Министерството за труд и социјачна политика добила отказ од работа поради тоа што била активна на социјалната мрежа фејсбук, објави телевизијата „Алфа“.
Анова која е и поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ објаснува дека таа не го користела Фејсбук во работното време односно дека за нејзината официјална страница се грижеле администратори од партијата. Сепак, статусите биле доволна причина против неа да биде поведена дисциплинска постапка која на крајот завршила со отказно решение.
Оваа жена остана без работа заради објавен политички став со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, а во меѓувреме стотици активисти на СДСМ кои беа сместени во државните институции по цел ден пишуваат и коментираат во корист на владејачката партија.
Влатко Васиљ најпрвин беше вработен во Владата па беше префрлен во Град Скопје. Тој постојано пишува и коментира во корист на владејачката, а против опозициската партија. Катерина Цаневска која работи како портпарол во Општина Центар постојано коментира за актуелните политички случувања. За нив нема никакви санкции.
Истовремено во Владата се ангажирани речиси 40 луѓе, најголем дел поранешни таканаречени шарени револуциониери, кои работат на односите со јавност и се платени од државни пари за меѓу другото да пишуваат и коментираат на Твитер, фејсбук, Инстаграм и сите останати социјални мрежи.
Но и дел од функционерите ја мешаат партијата и државата. И самата Мила Царовска од чие министерство е избркана Сузана Андова за време на локалните избори објавуваше фотографии и линкови од активностите на СДСМ. Истото го правеше и првиот човек на министерството за земјоделство Љупчо Николовски, како и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. На нивните официјални страници има и државни и партиски активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст