Русија испрати официјално барање до Меѓународниот олимписки комитет да им се дозволи на спортистите од ова земја на церемонијата на затворањето да се појават под своето знаме.
Но, за таква одлука може да биде потребно да се почека до последната минута и Русите да бидат подготвени за ова.
Шефот на Руската олимписка делегација Станислав Позднјаков и олимписката вицешампионка во уметничко лизгање Евгенија Медведева барањето го доставија до делегацијата во канцеларијата на МОК и се надеваат одлуката да биде позитивна за нив.
Руските спортисти се натпреваруваа на овие Игри под олимписко знаме како казна за систематското користење на допинг. Така тие немаа право на интонирање на нивната химна при победа.
МОК одлуката треба да ја донесе најдоцна утре претпадлне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст