На 24.02. 2018 година, околу 12 часот, на автопатот Тетово-Гостивар, патничко моторно возило марка “Алфа ромео“ со гостиварски регистарски таблички, управувано од турскиот државјанин Б.O.А. (20) излетало од коловозот и се превртело.
Во несреќата, на пат кон тетовската болница починал сопатникот во возилото турскиот државјанин Т.У. (22).
Возачот Б.А. и вториот сопатник во возилото, исто така турски државјанин, Ч.М.Х. (20), се здобиле со тешки телесни повреди.
По укажаната прва помош во тетовската Клиничка болница, тие двајцата итно се префрлени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на настанот во тек е увид раководен од надлежен Јавен обвинител од ОЈО Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.