Општина Илинден огласи 22 градежни парцели за градежни плацеви наменети за станбени куќи.Плацевите се дел од новата населба Јака, во која се планирани околу 500 куќи, но и трговски центар, хотел, плоштад, забавен парк, спортски терени. Новата населбата од центарот на Скопје е одалечена 10 километри.
Пријавувањето за наддавањето по електронски пат е до 16 јули, а наддавањето ќе се одржи на 22 јули. Почетната цена за квадратен метар за овие плацеви е со почетната цена од 148 денари, а плацевите се со големина од 378 до 614 квадратни метри. Претходно на ист начин беа понудени 70 парцели, а во подготовка се уште 150 парцели со површина од 400 до 500 квадратни метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


