| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазен маж во Велес – попладнево тешка несреќа

Шеесетгодишен велешанец е повреден денеска во сообраќајка во центарот на Велес.

Сообраќајната незгода, како што информираат од СВР Велес, се случила денеска во 12 часот и 30 минути на улицата „8ми Септември“ во центарот на Велес кога патнички автомобил марка „Фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки управуван од 66-годишниот С.Т. удрил во пешакот – шеесетгодишниот М.К. од Велес.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, повредениот бил пренесен во велешката Општа болница каде по укажаната медицинска помош е задржан на обсервација.

Увид на местотот на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Од велешката ЈЗУ Општа болница за МИА информираа дека повредениот е без сериозни повреди, но за секој случај лекарот кој го прегледал согласно медицинските правила одредил опсервација на пациентот и тој е задржан во болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top