Откако се рашири веста во врска со разводот на Џенифер Анистон и Џастин Теру, се појавија шпекулации за можното помирување на познатата актерка со нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит. Нивниот развод следи по 2 и пол години брак, но и по неколку месеци од разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли.
Како една од причините за разводот се зборува дека се пораките од нејзиниот поранешен сопруг кои таа се уште ги чува.
Во врска со можното смирување на Џенифер и Бред американските медиуми го тврдат спротивното. Тие укажуваат дека тоа е скоро невозможно.
Поранешниот сопруг на Анистон кој во 2005 година ја остави за да биде со Анџелина Џоли воопшто не сака да има било што со неа. Извор близок до актерот за „Us Weekly“ тврди дека тој бил тажен што актерката се разведува, но не планирал да ја контактира.
Секако дека беше тажен кога слушна за нејзиниот развод, но не ја контактираше ниту пак планира да ја контактира засега, тврди изворот.
Не само што Пит не сака да има контакт со неа, туку му е многу тешко и непријатно што сега ќе биде центар на внимание, иако немал допирна точка со разводот на Џенифер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст