Скоро 400 килограми кокаин се пронајдени во руската амбасада во Аргентина. Сигналот беше поднесен лично од страна на амбасадорот. Тој кажал на полицијата дека еден вработен имал сомнително многу дипломатски багаж што го чувал во училиштето во дипломатската мисија.
Откако пронашле 16 куфери кокаин, аргентинската полиција го заменила наркотикот со брашно и ставила уреди за следење. Еден од ризичните моменти беше брзото наоѓање на речиси 400 килограми брашно, бидејќи немало толку многу во околните продавници.
На крајот, килограмите биле доволни и полицијата, заедно со руската служба за безбедност ФСБ, ја следеле пратката во Москва. Потоа уапсиле тројца аргентински цариници, Русите, кои ги земале куферите на аеродромот и поранешен руски дипломат.
Дрогата е во вредност од над 60 милиони долари.
Организаторот не е уапсен и веројатно се крие во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.