| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер в недела во Македонија на средби со државниот врв

­ Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер својата балканска турнеја ќе ја започне в недела на 25 февруари со посета на Македонија, во
рамки на која до 1­-ви март ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан.

Претседателот Јункер ќе го придружуваат високата преставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан. Во Македонија засега се потврдени средби со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорѓе Иванов, но не се исклучуваат дополнителни средби.

Јункер и Заев треба да одржат и заедничка прес конференција, потврдуваат од Европската Комисија.

Во Европската Комисија одбиваат засега да влегуваат во детали околу пораките кои ќе му бидат пренесени на македонското лидерство, особено во однос на прашањето за името, за кое притисок доаѓа и од Германија.

По средбата со Заев порано неделава, Меркел денеска на маргините на европски самит во Брисел треба да се сретне и со нејзиниот грчки колега, Алексис Ципрас. Ставот на Европската Комисија околу прашањето за името останува истиот, а тоа е дека двете страни треба да најдат заеднички прифатливо решение пред да започнат преговорите со ЕУ.

Портпаролот на Жан Клод Јункер на новинарите, вчера, кусо им одговори дека претстојната посета на регионот е одраз на обновениот интерес и динамиката која ЕК сака да ги внесе.

Турнејата по Западен Балкан, првиот човек на ЕК ќе ја заклучи со посета на Бугарија, која во моментов претседава со Европската Унија. Јункер во Софија ќе се сретне со престедателот Бојко Борисов и ќе присуствува на заеднички ручек со сите премиери на земјите од регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top