| четврток, 6 декември 2018 |

Страотна сообраќајка на обиколницата во Скопје: Загина возач во своето „Југо“

Едно лице го загуби животот, а друго е повредено во сообраќајната несреќа што се случила денеска околу 17.20 часот на обиколницата околу Скопје пред клучката кај Радишани.

Според информациите од МВР, незгодата се случила меѓу автомобил „рено меган” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ. (54) од Скопје, и „југо” со скопски регистарски таблички.

Возачот на „југото” починал на самото место, а смртта е констатирана од екипа на Итната медицинска помош. В.Ѓ. бил пренесен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top