| четврток, 6 декември 2018 |

И Бугарија со јасна порака: нема поддршка без договор

Министерот за надворешни работи Кристијан Вигенин на средбата во Софија директно му порачал на  вицепремиерот Фатмир Бесими Македонија да не се надева на поддршка од Бугарија на патот кон ЕУ без претходно да се потпише договорот за добрососедство.

 

– Разговараме за договорот за добрососедство, бугарскиот министер ме информираше дека  договорот останува главен предуслов за нивната поддршка, изјави Бесими за Канал 5.

Бугарија и Грција се главните виновници поради кои Македонија беше целосно  тргната од дневниот ред на јунскиот министерски самит во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top