| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедист и двајца пешаци каснати од куче

Вчеравечер во 21.40 часот, М.Б. (64) од Скопје во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на 20 февруари на ул. „Перо Наков” бил каснат од куче скитник за левата потколеница.

Додека вчера во 12 часот, П.А. (73) од Скопје во Полициската станица Центар пријавил дека на 15 февруари околу 11 часот, додека се движел со велосипед по ул. „Црвена скопска општина“, бил нападнат и каснат од куче скитник на десната нога.

Денес пак во 13.40 часот, Е.Ч.С. (32) од Скопје во Полициската станица Центар пријавила дека на 17 февруари во 7.45 часот на ул. „Димитрија Чуповски“ била касната од куче скитник за десната рака при што и била нанесена телесна повреда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top