| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете дека работата во смени е опасна и нездрава?

Авторите проучувале 38 метаанализи и 24 системски рецензии што ја оценувале работата во смени и спиењето и нејзиното влијание врз следните хронични здравствени состојби: коронарна срцева болест, мозочен удар, рак, дијабетес тип 2, дебелина (зголемување на телесната тежина), депресија, несреќи/повреди, смрт од секакви причини, смртност предизвикана од коронарна срцева болест и смрт предизвикана од рак.

Ова се клучните наоди во прегледот на работната смена, времетраењето на спиењето и ефектите врз здравјето.

1. Работата во смени и спиењето

Работата во смени влијае и предизвикува вознемирување. Работниците што започнуваат пред 6 часот наутро, обично се будат надвор од нивниот природен циркадиски ритам, резултирајќи со спиење што не е освежувачко и од кое човек потешко се буди. На работниците што спијат во текот на денот потребно им е помалку време да заспијат, но обично не спијат повеќе од четири до шест часа. Работниците што работат вечерни смени најчесто пријавуваат нарушувања во спиењето.

Ротирачките распореди може да ги негираат некои од негативните ефекти од работата во смени, под услов работниците да работат четири или повеќе смени по ред пред да земат слободно време или да ги сменат смените. Оние што работат една до три слични смени имаат помал период на спиење.

Нарушувањето во спиењето е чест проблем кај работниците што работат во смени. Иако квалитетот на истражувањето во врска со ова нарушување е дискутабилен, постои поголема веројатност да се појават нови дијагнози на ваквото нарушување кај работниците што работат ноќна смена.

2. Работата во смени и хроничните болести

Најголемата рецензија за врската помеѓу работата во смени и здравјето на срцето утврди дека работниците во смени имаат поголем ризик од миокарден инфаркт и исхемични удари. Овој ефект бил најраспространет кај работниците во ноќни смени, додека бил незначителен кај работниците што работеле во вечерните часови.

Работниците во смени исто така имаат поголем ризик за прекумерна тежина и имаат поголема веројатност да развијат тип 2 дијабетес.

Во 2007 година Меѓународната агенција за истражување на ракот, дел од СЗО, изјави дека нарушувањата на циркуларниот ритам веројатно го зголемуваат ризикот за рак на дојка. Иако податоците од последователните студии се малку измешани, постојат доволно истражувања што сугерираат дека постои потенцијална врска помеѓу ракот на дојката и работењето во ноќна смена – колку подолго лицето работи во ноќна смена, толку е поголем ризикот за рак.

Други истражувања покажуваат дека постои зависна врска помеѓу работата во смени и ракот на простатата. Работниците што работеле ноќна смена исто така се изложени на поголем ризик за колоректален карцином.

3. Спиењето и хроничните болести

Важно е да се напомене дека работењето во смени влијае врз спиењето и должината на сонот, како и врз квалитетот на сонот.

Краткиот сон е дефиниран како циклус што трае помеѓу 4 и 7 часа. Краткото спиење е поврзано со зголемен ризик од коронарна срцева болест, мозочен удар, дијабетес тип 2, дебелина, депресија, несреќа на работното место и смрт.

Слабиот квалитет на сонот може да се дефинира на повеќе начини и е значително поврзан со повреди на работното место, коронарна срцева болест, тип 2 дијабетес, депресија и во некои случаи смрт.

Механизми за дејствување

Недоволното спиење има посреден ефект врз здравјето. Ова значи дека постојат податоци за врската помеѓу работата во смени и слабиот сон и помеѓу слабиот сон и негативните здравствени резултати.

извор: Факултети.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top