Група на затвореници од Тексас побегнале од ќелиите за да го спасат чуварот кој доживеал срцев удар.
Гери Грим истакнува дека не би преживеал доколку затворениците не побегнале од ќелиите да побараат помош, пренесува „Мирор“. Тој ги чувал затворениците во судницата во Тексас кога нагло се спуштил врз столчето, а затворениците сфатиле дека изгубил свест.
Снимките од безбедносните камери станаа вирални, а Грим ја искажа својата благодарност спрема затворениците кои ги оставија разликите на страна и му помогнаа.
„Можеа да ја го земат мојот пиштол ,да ме убијат или да ме земат за заложник, а наместо тоа ме гледаа како човечко суштество. Многу сум емотивен поради се во ова. Да сакаа да ми нанесат зло, се што требаше да направат е да седат и да не направат ништо“ – изјави Грим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст