Големата голманска надеж на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Донарума, повторно е во центарот на вниманието на медиумите, а причината за тоа се поворно информациите за негово можно заминување од Милан.
Веќе неколку пати Џиџо е во дилема дали да остане во Милано, па поради тоа влегуваше во клинч и со навивачите, а по се изгледа пред нас е нова епизода. Според „Quotidiano Sportivo“ Донарума по крајот на актуелнава сезона го напушта Милан и се сели во Пари Сен Жермен, клуб кој не е задоволен од настапите на голманите Кевин Трап и Алфонсо Ареола.
Наводно разговорите меѓу агентот на Џиџо, контраверзниот Мино Раиола и ПСЖ, се во тек и треба да дадат позитивен резултат. „Светците“ воедно размислувале и за Алисон (Рома) и Јан Облак (Атлетико Мадрид), но првата цел и желба е 18-годишниот Донарума.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст