Германскиот сојузен управен суд ќе ја разгледа одлуката на некои градови за забрана на дизел автомобили поради намалување на загадувањето на воздухот.
Тоа, како што оценуваат агенциите, би можело да има драстични последици за авто-индустријата во таа земја.
Сојузниот управен суд во Лајпциг ќе ги сослуша аргументите по повод жалбата која ја поднеле две германски држави против одлуката на ниските судови кои дале позитивно мислење за забрана на возењето посебно загадувачки дизел автомобили.
Одлуката би можеле да биде донесена денес подоцна.
Првични судски постапки покренале групациите за заштита на животната средина кои велат дека прекумерните нивоа на загадување на воздухот во десетина германски градови во голема мера ги предизвикале автомобилите на дизел мотори. Тие ја обвинуваат владата дека „Интересите на автоиндустријата ги става над здравјето на граѓаните“.
Пред три години откриено е дека германскиот произведувач на автомобили Фолксваген вградувал во возилата софтвер кој ги лажирал резултатите на американските тестови на емисијата гасови, што резултираше со големи парични казни.
фактор.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст