| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е човекот кој фрли бомба врз Американската амбасада во Подгорица?

Црногорската полиција се сомнева дека Далибор Јауковиќ (43) е мажот кој синоќа фрли бомба во дворот на американската амбасада, а потоа изврши самоубиство, дознаваат „Вијести“.

Јауковиќ живеел во Подгорица, а роден е во Кралево. Во експлозијата нема други жртви, а мотивот за нападот се уште не е познат.

На Фејсбук профилот на Јауковиќ се гледа дека е награден со медал за заслуги во областа на одбраната и безбедноста на Сојузна република Југославија во 1999 година.

Експлозијата за која полицијата се сомнева дека Јауковиќ е одговорен, се случила околу полноќ.

-Пола час по полноќ пред објектот на Амбасадата на САД едно лице извршило самоубиство со ексползивна направа. Непосредно пред самоубството лицето од раскрсницата кај Спортскиот центар уфрлило во кругот на Амбасадата на САД една експолизивна направа. Најверојатно станува збор за рачна бомба, кашикара. Во тек е увид и идентификација. Обвинителот раководи со увидот – напишала Владата на Црна Гора на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top