| четврток, 6 декември 2018 |

Шест лица тешко повредени во Скопје

Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајки е причинета материјална штета.

Четиринаесет возачи се исклучени од сообраќај, од кои еден возел под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и 12 возачи кои возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, додека 51 лице возело со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени и 14 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се изречени мерки на 102 возачи, а специјалното возило „пајак“ подигнало 74 возила.

Сообраќајната полиција регистрирала и три возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден кој неправилно се престроил, а тројца не поседувале зимска опрема.

Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” денеска Одделението за превенција ќе одржи едукативни работилници во градинката „Орце Николов“ во општина Карпош. Посебна воспитна мерка односно сообраќајна поука ќе се одржи за граѓаните кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top