| четврток, 6 декември 2018 |

Апелација ќе одлучува дали Крсто Мукоски, Владо Јовановски и Мунир Пепиќ ќе излезат од притвор

За продолжениот притвор на Крсто Мукоски, Владо Јовановски и на разузнавачот Мунир Пепиќ, денеска повторно на јавна седница во Апелациониот суд во Скопје ќе расправаат судиите. На седницата ќе биде разгледана и жалбата на пратеникот Љупчо Димовски за укинување на куќниот притвор.

Апелација вчера одлучи поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и понатаму да остане во притвор, а на Љубен Арнаудов, Богдан Илиевски (Бетмен Велит), Борис Дамовски, Јане Ченто, Оливер Радулов и на Иван Цветановски им го укина притворот. Кривичниот суд набргу повторно ќе треба да одлучува за продолжување на мерките што ги бара Обвинителството за настаните од 27 април лани во македонското Собрание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top