
Во време кога Струга е еден од најзадолжените градови во земјава со долг од околу 7,5 милиони евра, градоначалникот Мерко ќе купува луксузна лимузина и 3 поскромни возила вредни близу 6 милиони денари или околу 100.000 евра општински пари.
На интернет страната за набавки, тој бара лимузината да биде исклучиво бела, да има кожен волан со аудио команди, сензори за дожд, автоматско затемнување на внатрешниот ретровизор, алимуинумски тркала, навигационен систем, со нагласување – седиштата да бидат целосно или делумно кожни.
Дополнително се бара автомобилот да има можност за безжично поврзување со мобилен, автоматска парткинг сопирачка , автоматски клима уред, лед предни светла и електронска програма за стабилизација, автоматски менувач, а моќноста да и биде 149 киловати. Без посебен опис освен “За потребите на општина Струга”, се бараат и три други послаби возила со пет врати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова милионска набавка: Градоначалникот на Ново Село купува луксузна црна лимузина од 36.000 евра
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев се плашат од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа се трудат со лаги да ја манипулираат јавноста
-
СДС се откажа од суштински и одговорни позиции: Биографиите на Мерко и Ќахил шок за инвеститорите
-
Беличанец го куражи Заев: Ахмети се заигра влада, ама ти си главен


