| четврток, 6 декември 2018 |

Со компјутерски криминал извлекле 530 милиони долари: Штипјанецот Марко „Леопард“ ги испразни сметките на Американците

Дваест и осум годишен штипјанец Марко Леопард од американското Министерство за правда е обвинет дека е член на „Инфрауд“, досега најголемата откриена сајбер криминална организација во светот, која преку кражби на идентитети, кредитни картички, финансиски и банкарски информации успеала на нелегален начин да извлече 530 милиони долари од сметки на граѓани од целиот свет.

Информацијата официјално е објавена на веб страната на американското Министерство за правда на 7-ми февруари. Во неа се вели дека мозок на 36-члената организација бил Свјатослав Бондаренко од Украина, а биле вклучени хакери од Пакистан, Англија, Украина, Египет, Косово, Австралија, Молдавија, Украина, Америка. Како што стои на страната на Министерството за правда на САД, оваа акција е опишана како една од најголемите сајбер истраги направени до сега.

Според досегашната истрага, под слоганот “Во измама веруваме”, организацијата го насочува сообраќајот и потенцијалните купувачи на автоматски сајтови на нејзините членови, што служат како онлајн канали за сообраќај во украдени средства за идентификација, финансиски и банкарски информации, малициозен софтвер и други недозволена стока. Организацијата Инфрауд исто така, обезбедувала трансфер услуга за олеснување на нелегалните трансакции на дигитални валути меѓу нејзините членови и вработени,кои наводно обезбедувале само висококвалитетни добавувачи на украдени картички и информации за лична идентификација.

Според обвинението, Инфрауд организацијата била формирана во 2010, а штипјанецот и се приклучил една година подоцна.

Сите членови во организацијата имале дефинирани улоги во хиерархијата на организацијата. На чело биле администратори, а штипјанецот Леопард бил последен во мрежата и негова задача била успешно да ги крие трагите на хакерите.

Штипјанецот, кој работел под прекарот Леопард.мк, е уапсен надвор од Македонија, што е негово второ меѓународно апсење за компјутерска измама. Нему за исто вакво дело пред неколку години му се судело во БиХ каде што бил осуден на ефективна затворска казна.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top