Тоа што не го откри комисијата во министерството за труд и социјална политка, го пронајде вонредната социјална инспекција. Прекршени се закони, акти и целата пракса на водење на старателството за 13 годишната малолетничка која забремени и абортираше. Инспекторите чешлајќи ги домовите за згрижување деца „25-мај“ и „Ранка Милановиќ“ дошле до информација дека старателот во домот знаел за првиот сексуален однос на девојчето со возразен маж, но не преземал ништо. За дел од вработените се подготвуваат кривични пријави, за дел прекршочни.
– По информациите добиени од Р.И. во октомври 2016 година дека во текот на летото имала полов однос со одредено лице, назначениот старател не повел постапка за утврдување на фактите, ниту пријавил до Министерството за внатрешни работи.
Работите тргнале на подобро откако се променил кординаторот, но освен пријавите до полицијата и обвинителството, надзорот над девојчето не давал разултат за подобрување на нејзиниот развој.
– При поставувањето на старател, Центарот не изготвувал наод и мислење на стручен работник, наод и мислење на стручен тим и лист за следење за работа со корисникот. Од извештајот на старателот кој непосредно ја вршел старателската должност, не може да се види неговата грижа за лицето ставено под старателство, а особено за неговото здравје, издржувањето и оспособувањето за самостоен живот, за негово воспитание и образование, како и за сѐ друго што е од значење за лицето ставено под старателство, соопшти МТСП.
Инаку пред 8 години, државата одлучила заради питачење и чедоморство, 5 годишното девојче да им го одземе на родителите и да го одгледа и воспитува во еден од двата домови за деца од нефункционални семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст