| четврток, 6 декември 2018 |

Јутјуберка која тврдеше дека веганството го лечи ракот, почина од рак

Мари Лопез, која со својата внука Лиз Џонсон го водеше каналот „Мари и Лиз“, посветен на здравиот животен стил, почина од канцер кој метастазирал во белите дробови и црниот дроб.

Мари во својата емисија тврдеше дека веганството може да ги излечи луѓето од рак, а Лиз и понатаму верува во тоа. Таа смета дека Мари би била спасена ако нејзините негователи не ја хранеле со месо.

– Тој начи на исхрана во комбинација со подготвувње на храна во микробранова печка, ја чинеше живот. Отсекогаш била против микробрановата, која мојата мајка сепак ја користи за да готви храна – изјави Лиз.

Мари исто така, правела строги диети, како 90-дневни чистења на организмот со сокови на база на лимон и ѓумбир.

Таа не ја прифатила терапијата која и ја препорачале нејзините лекари, туку се лечела по природен пат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top