| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во МНР: Летале боксови меѓу вработени

Вчера во 16,40 часот, Т.Р.(41) од Скопје пријавил дека во 15,20 часот, во канцеларија во зградата на Министерството за надворешни работи на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје, физички бил нападнат од В.С., со кого ја делел канцеларијата, се вели во соопштението на МВР.

Според пријавата, додека Т.Р. извршувал работни задачи, В.С. го нападнал со повеќе удари со тупаници во пределот на главата и телото.

На Т.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top