| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Владата нема никаков напредок во однос на евроинтеграциите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во интервју за дневниот весник „Вечер“, вели дека и покрај засилената дипломатска активност, Владата нема значителни успеси во надворешната политика, затоа што постојано се влечат потези кои на штета на Македонија. Во исто време, тој истакна дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на името не е променет и дека партијата има црврсто уверувањето дека секое решение треба да се потврди на референдум, за разлика од Владата каде што постојано се ретерира и се изнесуваат различни ставови.

Посветеноста кон Република Македонија значи да направите се за да постигнете повисок стандард, повисоки кретириуми, и да создадете интегрирано општество, како што постојат во Европската Унија и да постигнете, меѓу другото, стандарди кои се прифатливи за нас, а својствени за другите развиени општества и да обезбедите стабилност преку НАТО-алијансата. Но проблемот е тоа што ние како држава немаме ниту напредок во однос на евроатланските интеграции, немаме ниту мрднато во однос на обезбедување на повисок стандард, а ниту пак имаме реална заштита за националните и државни интереси. Со други зборови, ниту сме поблиску кон Европската Унија ниту пак се добива впечаток дека владата се грижи за националните и државни интереси. Лесно е да се биде актуелен во регионот и да се вели имаме добра надворешна политика, но прашањето која е цената што ја плаќаме како држава и кои се отстапките што се прават за да се постигне таа популарност. Некако со сите издвојувани решенија во изминатиот период, кои ги направи владата во поглед на надворешната политика како држава ги направивме најсреќни соседите, но не и нашите граѓани во Република Македонија. Што се однесува до прашањето за референдум ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет и секое решение што ќе биде прифатливо треба да оди на референдум и граѓаните да се изјаснат за него. Тука имаме конзистентен став, нешто што не го гледам во редовите на владата која изгледа прилично раштимано во поглед на ова прашање. Премиерот на брифинзи со новинари вели референдумот може да почека, а два дена потоа вели референдум мора да има. Човек не може да знае кој е нивниот конечен став. – вели Мицкоски.

Целото интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ може да го погледнете на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top