На денешен ден-20 февруари 1872 година е отворен е Метрополитен во Њујорк, еден од најголемите музеи во светот. Музејот на уметноста „Метрополитен“ или попознат само како Мет се наоѓа на источниот крај на Централ парк и поседува постојана збирка која се состои од повеќе од два милиони уметнички дела, распоредени низ деветнаесет кураторски оддели.
Во рамките на постојаната збирка се уметничките дела од класичната антика и древниот Египет, слики и скулптури од приближно сите европски мајстори и голема збирка од американската и современтата уметноста Мет исто така поседува големи збирки дела од уметноста
Метрополитен музејот на уметноста е основан во 1897 година од група Американци. Дел од основачите беа бизнисмени и финансиери, како и водечки уметници и мислители од тој период кои имале желба да отворат музеј со цел да ја доближат уметноста до американскиот народ. Музејот е отворен на 20-ти февруари 1872 година, а најпрво се наоѓаше на Петтата авенија бр. 681. Како прв претседател беше избран Џон Тејлор Џонсон, управник на железница, чија лична уметничка збирка го исполни музејот, а издавачот Џорџ Палмер патнам беше надзорник. Уметникот Истман Џонсон беше во улога на ко-основач на музејот. Под неговата палка, поседите на Мет, кои најпрво се состоеја од римски камен саркофаг и 174 претежно европски слики, нарбзо го исполни достапниот простор. Во 1873 година, по повод купувањето на збирката „Цеснола“ на кипарски антиквитети, музејот се пресели од Петта авенија и се смести во Даглас Маншн на западна 14-та улица бр.128. Сепак, овие нови простории беа само привремени, бидејќи збирката постојано растеше и имаше потреба од повеќе простор.
По преговорите со градските васти на Џу Јорк во 1871 година, Мет доби зејмиште на источната страна на Централ Парк, каде што се изгради неговата постојана зграда, „мавзолеј“ од црвени цигли, дизајниран од американскиот архитект Калверт Во и неговиот соработник Џејкоб Реј Моулд. Амбициозната зграда на Во не беше добро прифатена бидејќи високиот викторијански готски стил веќе излегуваше од мода уште пред таа да биде завршена. Претседателот на Мет го оцени проектот како „грешка“. Во времетраење од 20 години се готвеше нов архитектонски план, кој ја вклучи зградата на Во само како ентериер, ослободувајќи ја од многуте специфични елементи.
Од 2007 година површината на Мет изнесува приближно четвртина милја и повеќе од два милиони квадратни стапки, што е повеќе од дваесет пати поголема од првичната зграда од 1800 година.
На 19 мај 2009 година, Мет повторно го отвори американското крило, со ново претставување на дванаесет соби според периоди.
Мисијата на музејот е собирање, зачувување, изложба и разбирање на широкиот спектар на човечки достигнувања. Секоја година музејот „Метрополитен“ има околу 5 милиони посетители.
Музејот добива стотици уметнички дела како подароци секоја година. Има 24 соби распределени по различни ери кои претставуваат различни делови во светот. Колекцијата вклучува слики и скулптури од американски и европски уметници. Исто така има костуми, носии и артефакти. Музејот организира околу 30 изложби секоја година.
„Метрополитен“ нуди фамилијарни и детски програми, како и многу погодности за младите посетители. Во неговата „Детска соба за читање“, родителите и децата можат заедно да читаат или да користат компјутер за да добијат повеќе информации за музејот. Има многу сувенири и игри кои се продаваат во музејот.
На посетителите им треба цел ден, а можеби и два дена за да го проучат целиот музеј. „Мет“ исто така нуди и тури на специфични теми, како што се кинеска уметност, импресионализам и пост-импресионализам, американски слики и египетска уметност.
Влезот обично е 12 долари, но за студенти истиот изнесува 7 долари. Музејот „Метрополитан“ е место кое мора да го посетите кога одите во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.