Повредите што го добил пратеникот Зијадин Села за време на насилставата во Собранието на 27 април минатата година, биле тешки и животозагрозувачки, кажа денеска пред судот вештото лице д-р Здравко Чакар.
На денешното продолжение на судењето за обидот за убиство на Села, Чакар ги потврди наодите што ги дал и пред Обвинителството. Посочи дека од повредите што му биле нанесени на Села најопасна и најтешка било нагмечувањето на мозокот и десночелниот оток. Опасноста по животот била од оштетувањето на мозочното ткиво.
На почетокот денешното судење, обвинетите побараа повторно да се прочитаат исказите од двајцата сведоци од претпоследното рочиште одржано на 8 февруари.
Вчера пред судот сведочеше Зијадин Села. Кажа дека во прес-салата бил удрен со монитор и со копје од знаме и оти слушал закани упатени кон него дека ќе биде убиен.
Во еден момент бил нападнат од лица од толпата кои го фатиле за глава и го удирале со тупаници, по што изгубил свест. Последно на што се сеќава е дека паднал на колена, по што почнале да го удираат по главата и телото. Се освестил по два часа во канцеларијата во Собранието, каде што дошла полицијата и итна медицинска помош. Полицајците го маскирале во повреден полицаец и го одвеле во болница. Во ходникот го сретнал тогашниот министер за здравство Никола Тодоров кој рекол дека треба да биде пренесен во Градска болница, на што се спротиставил докторот кој инсистирал Села да биде пренесен на КАРИЛ. Таму, лекарите констатирале дека бил во животна опасност.
На претходното рочиште адвокатот на Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.
Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст