На 16.02.2018 година во 11.00 часот вработена во Центар за социјални работи во Скопје пријавила дека од декември минатата година лицето Д.К. (58) и упатувало закани по животот. Причина за тоа била што на Д.К. му била укината социјалната парична помош, откако во Центарот за социјални работи било утврдено дека документите кои тој ги приложувал биле фалсификувани.
Исто така, Д.К. упатувал закани по живот и на нејзина колешка. Пријавителката посочила дека Д.К. подолг период ги вознемирувал вработените, но во последно време зачестиле заканите по нивните животи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.