Владата на денешната 55-та седница ќе го разгледува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.
На предлог на Министерството за правда, пред владините министри денеска ќе се најде и предлог-законот за бесплатна правна помош. На оваа своја седница, Владата ќе ја разгледа информацијата за реализација на Националната стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2014-2020 година.
На денешната седница ќе бидат разгледани Финансискиот план на Централниот регистар за 2018 година, како и Годишната инвестициска програма во 2018 година на АД МЕПСО, како и програмата за инвестиции за периодот 2019-2022 година на истата компанија во државна сопственост. Владата ќе ја разгледа и информацијата за спроведените активности за промоција на концептот на општествена одговорност на претпријатијата преку доделување на награда за најдобри општествено одговорни практики во 2017.
Министерството за внатрешни работи ќе ја презентира информацијата за спроведување на мерките за ограничување и забрана на сообраќајот во услови на надминување на прагот на алармирање и зајакнување на контролата на издувните гасови од возилата при нивна регистрација во техничките станици
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст