По сведочењето на пратеникот и лидер на Алјансата за Албанците Зијадин Села за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година денеска во Кривичниот суд треба да го продолжи судењето на обвинетите за обидот за негово убиство.
Села вчера даде исказ за случувањата во Собранието. Кажа дека во прес-салата бил удрен со монитор и со копје од знаме и оти слушал закани упатени кон него дека ќе биде убиен.
Во еден момент бил нападнат од лица од толпата кои го фатиле за глава и го удирале со тупаници, по што изгубил свест. Последно на што се сеќава е дека паднал на колена, по што почнале да го удираат по главата и телото. Се освестил по два часа во канцеларијата во Собранието, каде што дошла полицијата и итна медицинска помош. Полицајците го маскирале во повреден полицаец и го одвеле во болница. Во ходникот го сретнал тогашниот министер за здравство Никола Тодоров кој рекол дека треба да биде пренесен во Градска болница, на што се спротиставил докторот кој инсистирал Села да биде пренесен на КАРИЛ. Таму, лекарите констатирале дека бил во животна опасност и имал хеморагија. Како последица на претрпеното на 27 април, Села рече дека и денес прима терапија за болки и за слабо помнење. Се присети и дека за време на настаните на 27 април во прес-салата имало некоја новинарка која го снимала и не му дозволила да излезе, упатувајќи му закани. Новинарката, како што рече, разговарала со некој со фантомка.
На претходното рочиште адвокатот на Села побара отштета за својот клиент во висина од 30 милиони денари. Средствата што се бараат како отштета се за материјалните трошоци за лекувањето на Села, како и за претрпената физичка болка, повреда на личниот интегритет и за претрпен страв.
Во овој случај обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.
Во Кривичниот суд треба да се одржи ново рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на електрани на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст