| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров во 2008 како преговарач за Фрчкоски беше аматер, сега како министер е добар

Сега е време да се реши спорот со името, вели професорот Љубомир Фрчкоски откако се актуелизираше спорот со името и се говори дека владата на Зоран Заев е на чекор до решавање. Но, Фрчкоски пред десет години или кога беше даден предлогот на посредникот во спорот со името Метју Нимиц во март 2008 година беше загрижен за преговорите воопшто, за идентитетот, говореше за аматеризам на преговарачите. А преговарач до ноември 2008 година беше актуелниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

-Доколку се склучи меѓународен договор меѓу Македонија и Грција тој ќе биде силна гаранција за сигурноста на решението за спорот за името, изјави неодамна Фрчкоски.

Тој ќе биде ратификуван од парламентите на двете држави, Уставот нема да се менува, а договорот не може да биде предмет на оценување на уставноста пред Уставниот суд бидејќи е израз на вољата на страните кои го потпишуваат. Ваквиот договор, според него, би бил депониран во Обединетите нации, а гаранциите за неговото почитување се содржани во членот 118 од Уставот кој гласи ,,Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со уставот се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон,,.
Што се донесува на прашањето за евентуален референдум, Фрчкоски вели дека тој не може да го поништи договорот.

-Кога се решаваат вакви проблеми секогаш политичката цената е голема. Нема бесплатен ручек. Но мислам дека климата е сега поволна, изјави неодамна Фрчкоски.

Ова е Фрчкоски годинава, или Фрчкоски во 2018 година.Но, што говореше истиот Фрчкоски, универзитетски професор во 2008 година. Пред 10 години професорот беше исклучително загрижен за преговорите, односно дека истите ќе му штетат на идентитетот. Во март 2008 година имаше предлог од посредникот Метју Нимиц.

– Во предлогот на посредникот на ОН во спорот за името има неколку стапици за Република Македонија, а членот 8 е црна дупка за Македонците, која се заканува да не’ проголта нас Македонците како нација, рече Фрчкоски во интервју за дневниот весник „Дневник“ за кое повод бил последниот предлог на Нимиц, кој предизвика бурни реакции во Македонија, а експертската јавност оцени дека неколку точки се неприфатливи за Македонија.

Тогаш Фрчкоски рече дека „практично се предлага бришење на македонскиот национален код“.

Според неофицијалниот превод на тогашниот предлог на Нимиц спорниот член гласи „ниту една од државите самата по себе нема да може да има ексклузивни права, политички или економски, врз името ‘Македонија’ или ‘Македонски’“.

-Тоа значи дека ние не можеме да користиме термин македонски народ, македонска нација, македонски јазик во отслик на нашиот идентитет. Тоа е најкатастрофалната точка, а мене особено ме загрижува што нашите воопшто не ја виделе. Можеби сметаат дека е во наша корист, што е уште поголема трагедија и што зборува за нивниот целосен аматерски состав во расправата за документот, посочи тогаш Фрчкоски.

Тој оди и понатаму со анализа.

-Со член 9, тоа значи дека може да се каже македонско вино, македонски патлиџан, но според член 8 не може да се користи македонска нација, македонски јазик и македонско државјанство, анализира Фрчкоски.

 

Фрчкоски: Уставот нема да се менува, Горна и Северна Македонија најверојатни решенија (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top