| четврток, 6 декември 2018 |

Двете крила на БЕСА ќе бараат регистрација

Двете крила на Беса ќе бараат регистрација на партијата под истото име. По одржувањето на конгресот на скопското крило и изборот на Африм Гаши за претседател партиските органи ја подготвуват целокупната документација која во најкус рок ќе биде поднесена до судот кој ќе треба да донесе одлука за името на партијата, логото и печатите.

Велат дека ќе ја почитуваат одлуката на судот и во зависност од тоа ќе дејствуваат понатаму, или како Беса или пак ќе се регистрираат како нова партија. Документите ги подготвува и крилото на Беса предводено од Биљал Касами, но тие ќе бидат поднесени по 24 февруари кога ќе се одржи првиот конгрес на партијата на кој ќе се избере нов претседател. За нив легитимно раководство е токму нивното, а другото крило нема никаков легитимитет.

Од денеска почнува да тече рокот за поднесување кандидатура за претседател на тетовското крило на Беса. Формирани се нови општински организации. И двете фракции велат дека нивното натамошно дејствување ќе зависи од одлуката на судот, на кое крило ќе му припадне логото и името на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top