| четврток, 6 декември 2018 |

Алсат-M: Укината царината за увоз на акумулатори, полска компанија никаде

И покрај тоа што поминаа речиси три месеци откако владата ја укина царината за увоз на литиум-јонски акумулатори, сеуште нема детали за тоа дали и кога полската компанија која беше избрана како алиби за еден таков чекор, ќе инвестира во нашата земја. Во ноември, кога ладата ги укина царинските давачки, што претходно беа 15 отсто, од таму, кажаа дека тоа е направено по барање на потенцијалниот инвеститор од Полска за производство на електрични автобуси и мотоцикли.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека преговорите со компанијата се во тек.

На 6 и 7 март ќе ја посетиме компанијата во Полска, а потоа ќе ви покажеме конкретни чекори – рече Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања.

За време на укинувањето на царинските давачки од Министерството за економија информираа дека станува збор за усогласување со правилата на ЕУ, каде што данокот за увоз на батерии е нула проценти. Сепак, одлуката на владата предизвика сомнежи во јавноста, затоа што единствената компанија која увезува и инсталира батерии во електрични возила е „Брако” од Велес, во која сопственички капитал има вицепремиерот Анѓушев. Тој денеска учествуваше на потпишувањето на договор со германската компанија ВИК, која ќе инвестира шест милиони евра во Прилеп, каде што ќе произведува машини за кафе. Оваа, како и другите компании во ТИРЗ десет години, ќе биде ослободена од данок на доход и персонален данок, како и царински давачки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top