| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно дете почина на Детската клиника во Скопје

Две и пол годишно машко дете од Штип викендов починало на Детската клиника во Скопје. Веќе една недела детето се лекувало од грип, но имало и сериозни проблеми со белите дробови, рече во телефонска изјава директорката Катерина Ставриќ, која не сакаше да зборува во камера.

Директорката рече дека детето имало и повеќе сериозни заболувања со кои периодов се измачувал неговиот организам, а се соочувал и со пневмонија.

Родителите на починатото дете, како што рече директорката на детската Клиника, не сакале да се направи обдукција.

Во меѓувреме Клиниките низ цела држава се соочуваат со сериозен недостаток на медицински кадар. Докторите постојано заминуваат на работа во странство, но и во приватните клиники, додека на местото на пензионираните медицински сестри и доктори, не се вработуваат нови кои ќе ги заменат.

И додека власта размислува каде да го изгради новиот Клинички центар и да ги подобри условите за лекување, болниците постојано голтаат човечки животи, а ситуацијата низ цела држава станува се поалармантна.

алфа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top