Вистината е основа на секоја среќна врска или брак. Сепак, таа не му се насмевнала на Јан од Белгија, кој после 19 години открил страшна тајна која ја чувала неговата сопруга.
Јан се заљубил во прекрасната Моника од Индонезија, па и покрај проблемите со службата за имиграција се оженил со неа во 1993 година.
Речиси две децении подоцна, Јан сфатил дека неговата сопруга од него крие голема тајна.
– Моника е родена како машко. Сега кога помислувам на тоа целиот се тресам, изјавил Јан.
– Ја донесов во Белгија, иако воопшто не беше лесно. Службата за имиграција се сомневаше во нејзиното потекло и темелно ги истражуваше документите. Ништо не ми е јасно, бидејќи ја видов како многу привлечна жена, немаше карактеристики на маж, – додал Јан.
Јан (64) имал две деца одпрвиот брак, па тој и Моника (48) одлучиле дека не сакаат повеќе деца.
Овој Белгиец не бил измамен само на тој начин. Всушност неговата „сопруга” била толку прецизна во периодот кога треба ги смени влошките. Таа правела се, само да го скрие полот.
-Да, имавме секс, но никогаш ништо не приметив, – се жалел Јан.
Се почнало да се распаѓа, кога Моника почнала интензивно да работи и се помалку да се грижи за прикривање на нејзините тајни.
– Прво, ја забележаа моите деца. Моника беше целосно напуштена. Почнаа да ја гледаат во ноќни клубови, облечена како најголема проститутка. Често играла со гол стомак и тоа во тие години, – изјавил Јан.
Открил неколку љубовни пораки во нејзиниот компјутер, по што избувнала жестока кавга.
-Еден пријател ми кажа дека наоколу се зборува дека мојата жена го променила полот, а и мојот син го слушнал истото, – додава Јан.
Тој се одлучил да ја стави на тест. И кажал дека ја знае целата нејзина приказна и дека ја открил вистината. Тогаш Моника му признала се.
– Ми потврди дека е родена како машко. Почна дам и зборува за своето минато, но јас ништо не можев да слушам. Полудев. Не знам што се направив додека полицијата не заѕвони на врата, – изјавил Јан.
Тој бил приведен, а веднаш потоа однесен на психијатар. Тој се уште се лекува од последиците од шокот.
Јан побарал поништување на бракот, но процесот се уште е во тек, па зато и му е забрането да ја избрка од сопствениот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст