| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот Дејан Периќ доаѓа во Вардар

Поранешниот селектор на Србија и европски клупски првак, Дејан Периќ (47) во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на Вардар, и ќе биде одговорен за работата со голманите во нашиот клуб. Веќе на почетокот на март Периќ ќе ја презема работата и ќе им се приклучи на Раул Гонзалес и Давид Девис Камара, објави клубот.

Периќ е еден од најдобрите голмани во својата генерација и во минатата декада кога ги постигна најголемите резултати. Важеше за голман со извонредни рефлекси и квалитети, и со голема посветеност кон работата.

Во својата играчка кариера Периќ има настапувано за екипите на Динамо Панчево, Црвена Звезда, Пелистер, Атлетико Мадрид, Теукро, Целје, Барселона и Веспрем.
Во периодот од 2015 до 2016 година беше и селектор на репрезентацијата на Србија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top