| четврток, 6 декември 2018 |

Културниот марксизам на Алѓозовски: ЛГБТ + УЧК + исламисти

Љупчо Златев, новинар

Новинарите, аналитичарите и општествените интелектуалци многу често следејќи ја формата на процесите кои се случуваат во едно општество, забораваат да ја погледнат суштината на одредени политики кои се наметнуваат во јавниот живот. Погрешни се тврдењата дека ѓаволот се крие во деталите, затоа што тој секогаш се крие во големата слика, онаа која е исправена пред нас но е толку голема што не можеме да ја видиме.

Имено, многумина се возбудија од начинот на кој министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги подели народните пари наменети за развој на културата. Дури и оние кои орбитираат во левата половина на политичкиот спектар не се воздржаа од критика на тоа како министерот со суканици ги подели парите – од финансирање на организации кои злоупотребуваат деца кои во воена униформа пеат за УЧК и убивање на Словени, преку грантови за промоција на сунет, па се до проекти за промоција на абортус, геј паради и останати екстремно левичарски вредности.

Она што никој нема храброст да го каже, а можеби и да го види, е дека ова портфолио на поделба на нашите даночни пари е чист културен марксизам. Овие пари не се поделени нешто да промовираат, туку сосем спротивно, нешто да уништат – а тоа е македонскиот традиционализам и христијанството. Оваа културна програма е дел од агендата за уништување на идентитетот на мнозинството граѓани кои живеат во Република Македонија, таа треба да ги обезличи, обескорени и да ги доведе во алиенирана фаза на топовско месо на либералната демократија. Ова е само продолжување на она што поодамна го имаат почнато комуњарите во Македонија, кои секоја индивидуа во земјава имаат цел да ја претворат во фаза на обична бројка, статистичка маргина без никаков идентитет.

Ова е метод кој во Европа веќе подолго време се користи за да се загуши секоја автентична, бела, христијанска, европска култура. Среќа што таму налетува и на отпор, но ние како нација очигледно сме со ивалидитет да го препознаеме процесот а не пак да се спротиставиме на ваквиот феномен.

Замислете, во годишната програма на Министерството за култура за поддршка на проекти и манифестации во оваа 2018 година ќе одвои 327,250 денари за коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ за организирање на настан „Викенд на гордоста Скопје 2018 “. Читај, геј парада. Од организациите негираат дека овие пари се за геј парада, па по медиумите праќаат деманти во кои велат дека ова е „Викенд на гордоста“ а не „парада“. Она што кутрите заморчиња не го знаат е дека имаат крајно голем етимолошки проблем, затоа што сегде во светот парадите се нарекуваат „прајдови“ а „прајд“ на англиски значи гордост, термин содржан во насловот на нивниот настан. Значи, ќе организираат прјд! Прогуглајте што е тоа прајд и видете ги сликите, ако сакате тоа да го гледаат вашите деца на улиците на Скопје, ја подржувам идејата тие да ви бидат одземени.

Но ете, не сме се разбрале дали е парада или не, еве да речеме и дека не е, но повторно се поставува прашањето: Што има култура во тоа што се промовира нечија сексуалност? Сексуалната и родовата припадност се биолошки, а не културолошки феномени. Простете на бизарниот речник, но тоа што на некој му е убаво да прима машки полов орган во неговиот анален отвор нема никаква врска со култура, дразнењето на неговата простата кое создава ерекција е чиста биологија. Исто како што е биологија кога припадници на ист пол чувствуваат страсти еден кон друг, ако не ми верувате мене, прашајте си ја Светската здравствена организација, која го тврди истото.

Не сум од оние кои ги осудуваат ЛГБТ луѓето, затоа што сметам дека првите три во оваа групација се сосем здрави човечки битија кои имаат малку поразлични биоилошки процеси од нас останатите и не би ги судел поради тоа. Оние четвртите се болни, а тоа го потврдува исто така Светската здравствена организација, но и статистиките според кои над 60% од трансексуалците вршат самоубиство по промената на полот. И на крајот од денот, пак останува заклучокот дека ова не е култура, а ако некој се грижи за добробитот на нивната група во општеството тоа треба да биде Министерството за труд и социјала, затоа што се социјална категорија, но не и културна.

Е сега, покрај ЛГБТ луѓето, Алаѓозовски ги финансираше и исламистичките организации (тоа е култура, дури и кога е претставено во ликот на ИСИС) кои промовираат сунет, а во исто време не смогна сили 1 денар да издвои за христијански организации – иако над 70% од граѓаните на Репблика Македонија се изјаснуваат за христијани и се апсолутно мнозинство, сепак за нив немаше ништо. Минорни суми беа издвоени за нашите македонските културни друштва.

И пазете на парадоксот: Кога школите организираат коледе за дечињата тоа според СДСМ е подривање на секуларизмот во државата, а кога државата дава пари за сунети тоа е секуларизам. Очигледно секоја суканица на Алаѓозовски е полна со двојни стандарди. Тој човек смрди на културен Марксизам.

Се соочуваме со ситуација во која пари од министерството добиле: хомосексуалци, исламисти, албански националисти и комунисти како Никола Гелевски! А ништо не добиле само оние кои мнозински партиципираат во полнењето на Буџетот на Република Македонија – тоа се Македонците, христијани.

Ваквата коалиција на хомосексуалци и исламисти, морам да признаам дека многу ме потсетува на сцените од Украина, каде што обединети под ЛГБТ и нацистичко знаме (иако двете политички групи во нормални услови би се испотребиле помеѓу себе), хомосексуалците и бандеристите заедно го рушеа Јанукович. Вакви сцени гледаме и во Европа и во Велика Британија кога ЛГБТ организации го бранат правото на одредени гета да имаат шерјатски систем, иако според тој систем тие се убивани.

Но, што друго може да очекуваме од Алаѓозовски, кој очигледно повеќе би се декларирал како шпагета отколку како Македонец? И видете какви ноторни комунисти има околу себе – Мирослав Грчев, Петрит Сарачини (со комунистичко педигре од 3 генерации) и Ѓунер Исмаил (кој како кодош на УДБА им ги уништил животите на децата Албанци на кои им бил класен раководител, затоа што пееле албански песни).

Една од основните премиси на Маркс е дека за да дојде комунизам, прво треба да се сруши културата на мнозинските етнички групи (која тој ја нарекува буржоаска култура), а тоа треба да се направи преку коалиција со малцинствата, но и со тоа како култура да се прикажат гомненици кои немаат никаква врска со културата. Ова нам ни се случува во реалноста е токму ваква непринципиелна коалиција, но овие кои ја спроведуваат оваа деидентитетска политика не се инспирирани од Маркс туку од Сол Алински и нему сличните, тие се бетер Маркс, затоа што на неговата културна политика наместо економски комунизам надоврзуваат безчуствителен корпоративизам.

Затоа другари, СМРТ ЗА КОМУНИЗМОТ, СЛОБОДА ЗА НАРОДОТ!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top