И по завршување на редовната координација на претставниците на пратеничките групи со претедателот на Собранието, Талат Џафери, нема информација кога и дали оваа недела Парламентот ќе одржи пленарна седница или седница на некоја од комисиите. Извесно е дека седница за пратенички прашања треба да се одржи на 22 февруари, односно во четврток.
Според информации од Кабинетот на Џафери, кога ќе има одлука за пленарна седница таа ќе биде ставена на собраниската веб-страница. Пленарна Седница, како што се посочува, не се закажува поради тоа во Собранието повторно нема кворум за работа, бидејќи неколку пратеници заминуваат на службено патување во Виена, има повредена пратеничка и друга на породилно отсуство.
Дополнително, опозицијата и натаму нема да учествува во работата на Парламентот, а нивен претставник денеска повторно не бил на координацијата кај Џафери. Сепак, како што се посочува, претставник на опозоциската партија има неформални средби со Џафери во врска со одредени активности, а исто така се потврдуваат и средбите на работните групи за одредени закони, иако никој не соопштува дали е постигнат некаков напредок.
Исто така, треба да се види како врз составот на Парламентот ќе влијаат и настаните во партијата Беса по вчерашниот избор на Африм Гаши за лидер на едно од двете крила на партијата. Заега, велат од Парламентот, нема промени во однос на пратеничката група на Беса која брои петмина пратеници.
Собранието треба да расправа за над 35.000 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците, а се оддолжува и носењето на реформските закони за следење на комуникациите, на законите за намалување на патните трошоци на пратениците и именуваните лица и други закони и одлуки.
Дека се уште нема договор кога ќе има седница за амандамните за законот за јазиците потврдуваат и од ВМРО-ДПМНЕ од каде, неофицијално, велат дека, сепак, се чека на некакво политичко решение.
Извесно е сепак дека седница за пратенички прашања би требало да има на 22 февруари, а за 26 февруари во Собранието се закажани две конференции
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст