| четврток, 6 декември 2018 |

Села: Се обидоа да ме убијат со копје од знаме

Седнат спроти обвинетите, Села го впери погледот кон обвинетите и еден по еден ги гледаше. Кога стана да сведочи, и обвинетите го вперија погледот во него.

Неколку удари во главата со монитор, копје од знаме и со даска го оставиле пратеникот, Зијадин Села, зашеметен и дезориентиран, поради што не се сеќава на дел од настаните на 27-ми април. Тој денеска сведочеше на судењето во Кривичниот суд на кое обвинетите се товарат за обид за убиство врз него.

Одговарајќи на прашања на обвинетелот, Села за настаните во Собранието рече дека имало закани и дека се обиделе да го убијат фрлајќи кон него монитор и копје од знаме.

-Еве го Села, ајде да го убиеме. Фрлаа предмети кон мене, немав лично обезбедување. Тука беше само обезбедувањето на Зоран Заев. Ме удрија со монитор и копје од знаме. Фрлаа даски и други предмети. Последно што паметам беше кога паднав на колена и ме удираа со раце и нозе по главата и телото, сведочеше Села.

Пратеникот нагласи дека изгубил свест и се разбудил во соба во болница.

На прашањето на обвинителот дали некој се обидел да го одбрани од разгневената толпа, Села одговори дека ако некој го бранел, ќе бил испратен од Собранието со цвеќе и аплауз, а не со тешки повреди.

Села рече дека не ги познава луѓето кои го нападнале. Пред него како жив штит стоеле пратениците Сурија Рушити од Алијансата за Албанците и Реџаил Исмаили од ДУИ. Во еден момент се повлекле и го оставиле сам очи во очи со насилниците. Тогаш села добил удари со тупаници и клоци.

Кога ги добив ударите од мониторот, копјето и даската без зашеметен и дезориентиран и не се сеќавам на се. Кога се повлекоа пратениците останав сам без одбрана, обезбедувањето се обидуваше да го одбрани Заев. Никој во толпата не се обиде да ми помогне мене. Ако ми помогнеше некој тогаш, ќе бев испратен со цвеќиња и аплауз – рече Села.

Неговото сведочење е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top