Грчките медиуми пренесуваат дека конечно решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција е сосема возможно со тоа што едно од најголемите грчки барања за промена на Уставот на Република Македонија ќе се остварува со грејс период, односно постепено.
Времената спогодба која и онака веќе никој не ја споменува во меѓусебните односи ќе биде заменета со Меѓународен договор кој ќе биде основа за односите меѓу Македонија и Грција, но барањата за ерга омнес решение, односно за севкупна употреба на договореното име и натаму не се повлечени, напротив засилени се бара да се исполнат.
Во анализата за маратонските разговори на Димитров и Коѕијас весникот „То Вима“, како што јавува дописникот на МИА од Атина, коментира дека веќе треба да се смета за сигурно забрзувањето на разговорите, но и променетиот состав на инволвираните страни, бидејќи од ниво на преговарачи, преговорите сега се водат на ниво на министри за надворешни работи.
– Клучна точка останува комбинацијата на постепена примена на ерга омнес со промените во скопскиот Устав, што ги бара грчката страна. Не е јасно колкав напредок е постигнат во оваа точка, но од постоечките информации, Атина не е негативно настроена во однос на тоа да му даде „грејс период“ на Скопје за да го смени внатрешното име. Нормално, ќе треба да се договори точната формула според која ова ќе се направи, но и временскиот периодот (на пр. една година). – пишува весникот „То Вима“ во анализата, пренесува МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст